Skip to main content

Нано Ружин претседателски кандидат на ЛДП

Повеќе од половина од потребните потписи за кандидатурата на Нано Ружин, собрани.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Nano Ruzin
Нано Ружин
На претстојниве избори Лдп која го промовираше овој претседателски кандидат, очекува подршката за Ружин освен центарот да ја даде и поголемиот дел  од левицата.

5000 потписи веќе се собрани за претседателскиот кандидат Нано Ружин. Челните луѓе на Лдп, партијата која го кандидраше очекуваат во текот на наредната недела да ги дособерат сите потребни потписи. Нано Ружин, според нив е вистинскиот кандидат за претседател, човек кој ќе ги обедини сите граѓани без оглед на партиската припадност. Како најголем негов адут го потенцираат богатото диплпматско искуство и прогласувањето во Брисел за амбасадор на  годината во 2007.

pres konferencijaЈован Манасиевски, претседателот на Лдп потенцира дека Ружин работеше како амбасадор за три различни влади и двајца претседатели кои беа од различни политички опции. Тој додава дека тоа е доказ оти Ружин пред се е професионалец а не политичар. Првиот човек на Лдп вели дека во овој момент на Македонија не и е потребен кандидат кој ќе го продлабочи политичкиот јаз.

На претстојниве избори Манасиевски очекува подршката за Ружин освен центарот да ја даде и поголемиот дел  од левицата. Тој смета дека Ружин е далеку подобро решение за државава отколку кандидатот на Сдсм, Љубомир Фрчковски.

 

 

{loadposition content9}