Skip to main content

Заушки во Македонија

Комисијата за заразни болести со предлог мерки против заушките.

zauski
заушки
Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство поради зголемениот број лица заболени од заушки во Македонија на вчера одржаниот состанок донесе предлог- мерки, според кои, треба да продолжат засилените мерки на епидемиолошки надзор на терен, изолирање на заболените, нивно пријавување, анкетирање и прибирање на сите податоци за преземање акција, изолација  и лекување на веќе заболените лица.

Се препорачува домашна изолација на лицата заболени од заразни заушки во тек на првите 14 дена од појавата на симптомите, екипите на заводите за здравствена заштита и нивните подрачни единици, како и патронажните служби, во соработка со превентивните тимови за вакцинација позасилено да излегуваат на терен и да вршат активности за прочешлување на теренот со цел изнаоѓање на високоризична популација, односно неевидентирани, невакцинирани и непотполно вакцинирани лица.

vakcinaКако што соопшти Министерството за здравство, во предлог-мерките на Комисијата стои дека неевидентираните лица треба да се евидентираат, да се  воведат во картотеките за вакцинација, да им се отворат вакцинални картони и веднаш да се отпочне со вакцинација според важечкиот Календар за вакцинација, согласно возраста, невакцинираните и некомплетно вакцинираните лица на возраст до 14 години, веднаш треба да се вакцинираат и/или ревакцинираат на растојание од најмалку еден месец и да се засилат мерките за здравствена едукација на населението, од страна на заводите за здравствена заштита.

Комисијата за заразни болести како дополнителни ги предлага мерките кои се однесуваат на вакцинација со една доза на МРП  вакцина на некомплетно вакцинирани, односно, две дози на МРП вакцина на сите невакцинирани лица, на возраст од 15-19 години за кои не постои писмен доказ за прележана болест, да се интензивира доследната примена на одредбите од член 62 од Правилникот за условите и начинот за вршење на задолжителна имунизација за задолжителна проверка на вакциналниот статус при упис во сите видови предучилишни установи и училишта од основно до високо образование.
Министерството за здравство, се наведува во соопштението, ќе се обрати до Светска Здравствена Организација за финансиска и стручно-техничка поддршка на експертскиот тим од Комисијата за заразни болести за изработка на студија за проценка на имунолошкиот статус на вакцинираното население.

 

 

{loadposition content9}