Skip to main content

Национален парк „Галичица“ со нова стратегија

Националниот Парк Галичица ја претстави стратегијата за одржлив економски развој.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
Една од целите во стратегијата  е да се намали притисокот врз шумските екосистеми а приоритет е НП да постане препознатлив не само во државава, туки и пошироко, вели директорот на паркот Зоран Ангеловски.

Националниот парк Галичица во соработка со ФТУ и меѓународниот консултант Никол Хајслер изработи стратегија за одржлив економски развој. Оваа стратегија нуди развојот на инфраструктурата на паркот и пристапот на посетителите до него.„Имајќи ја предвид местоположбата на НП и природно историското наследство, паркот нуди извонредна можност за развој на одржливиот туризам, вели директорот на НП Зоран Ангеловски. Според него, една од целите на оваа стратегија е да се намали  притисокот врз шумските екосистеми од кои во моментов НП остварува голем број од проходите“.

nacionalen parkВо стратегијата на паркот се вклучува е целокупната инфраструктура која во следниве 5 години треба да се изгради во Националниот парк.

За да се почне со градежни активности ја очекуваме уште отценката за животна средина  од ресорното министерство, вели Ангеловски. За туристите ќе биде многу полесно кога во паркот ќе има информативен центар, во кој ќе можат да се запознаат со културното наследство што го има во Националниот парк, вели директорот. Да денешната средба присуствуваа претставници од АТАМ, ХОТАМ, невладини организации и донатори. Нивните забелешки  и сугестија се однесуваа на нехигиената во паркот, мал број обележја, немањето на јавни тоалети, навремено несанираните одроните на патишта.

 

 

 

{loadposition content9}