Skip to main content

Некој фали, некој критикува

Советот на општина Охрид денеска ја одржа 62-та седница.

 |  Лионела Јаковлева  | 
opstina
општина
На два месеци од истекувањето на мандатот на охридските избраници, се сублимираа резултатите од сработеното. Експресно се помина низ сите точки од дневниот ред.

Охридските избраници си упатија критики и пофалби за досегашната работа на советот. Дел од нив сметаат, дека овој состав на свои плеќи понесе многу тешкотии и донесе многу значајни одлуки за градов. Но дел од нив, мислат дека можело и подобро да се сработи. Ванчо Огненов рече дека многупати не се носеле корисни решенија за Охрид.

Советникот Бранислав Трпчевски пак,  истакна дека за време на мандатот на овој состав на советот започна процесот на децентрализација и дека советниците успешно се справија со сите промени и потешкотии што тој ги донесе. И советникот Ацо Димитриески смета дека советот добро го одработи својот четиригодишен мандат.

sednicaДенес се усвоија и предлог -одлуката за утврдување  Нацрт ДУП-от за 6 УЕ, УБ 6.2. опфат 1, и предлог одлуката  за усвојување на Програмата за одбележување на празници и манифестации за 2009 година.

Советниците расправаа и за утврдување на цените на услугите што ги врши Ј.П „Билјанини Извори“ Охрид за одржување на фудбалските тревнати терени, лоцирани на територијата на општина Охрид. На дневен ред беше и предлог одлуката за формирање Општински совет за безбедност во сообраќајот  и патиштата, предлог одлуката за усвојување на Програмата  за тековното работење на МЈП „ Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид за 2009 год, усвојување на Програмата  за  работа  на МЈП „Проаква“ РЕ „Колектор“  за 2009 год, , усвојување на Годишниот  извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер, измена на одлуката за  утврдување на висината на месечниот  надоместок на членовите на Советот  на општината. На барање на градоначалникот, на дневен ред се стави уште една точка и тоа за донесување на ДУП за урбана заедница 3, Воска. Сите точки беа усвоени со мнозинство гласови.

 

 

 

{loadposition content9}