Skip to main content

Познати финалистите на Аустралиа Опен

На финалето на тенискиот турнир Австралија Опен во женска конкуренција ќе се сретнат Серена Вилијамс и Русинката Динара Сафина.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
На финалето на тенискиот турнир Австралија Опен во женска конкуренција ќе се сретнат Серена Вилијамс и Русинката Динара Сафина.
Американската тенисерка Вилијамс во полуфиналето ја победи Русинката Елена Дементиева со 6-3 и 6-4 во сетови. Во финалето Серена ќе се соочи со другата Русинка, Динара Сафина која во полуфиналето ја победи нејзината сонародничка Вера Звонарева со 6-3 и 7-6 во сетови.

Rafael NadalОва е првпат Сафина да се квалификува во финалето на отвореното првенство на Австралија. Победничката од ова финале на Грен Слем турнирот ќе избие и на челната позиција на листата ВТА.

Роже Федерер е прв финалист кај мажите. Го победи Енди Родик со резултат 3-0 во сетови по двочасовна игра. Родик во неколку наврати  се обиде со поените да му се доближи на Федерер, но Швајцарецот успеа да се одбрани и да се доближи до успехот. Иако дуелот се играше на три сета, публиката уживаше во прикажаната игра бидејќи и двајцата покажа фантастична игра. Во второто полуфинале кое на програма е утре ќе се сретнат Рафаел Надал и Фернандо Вердаско.

 

 

 

{loadposition content9}