Skip to main content

Лаптоп компјутерите ги купи локалната

Советот на општина Охрид вчера со одлука ги отпиша компјутерите кои ги користат советниците.

 

 |  Татјана Маленкова  | 
Тони Чинго
Toni Cingo
Советот на општина Охрид вчера со одлука ги отпиша компјутерите, кои ги советниците ги користеа помалку од две години.

„Лап-топ компјутерите ги купи Локалната и тие по нашиот мандат остануваат тука„ – вели претседавачот на советот на општина Охрид, Владо Чингоски. sovetnici„Компјутерите само се отпишуваат, секој советник задолжен со компјутер на крајот од својот мандат мора да го врати“ додава тој.

Лап-топ компјутерите Локалната ги набави пред 2 години, со цел поефикасна и поекономична работа на советот на општина Охрид. Беше планирано целокупните матријали за седниците советниците и комисиите да ги добиваат по електронски пат.

Компјутерите се во сопственост на Локалната, вели Чингоски. Тие се отпишани согласно законот, според кој во време од 1 година, ако техничките средства не се употребуваат за намената за која се купени, се врши отпис на тие средства.

 

Дали компјутерите ќе останат во Локалната или ќе се „вдомат„ кај советниците, како што се шпекулира во кулоарите на општината, останува да видиме.

 

 

 

{loadposition content9}