Skip to main content

Лескоец и понатака лежи на септички јами

Еколозите предупредуваат на еколошко загадување од големи размери.

 |  Валентина Нелоска  | 
soobrakajna tabla
сообрајкајна табла
Даденото ветување на министерот Јанакиески за забрзување на процесот за приклучување на с.Лескоец на канализационта мрежа не е исполнето, обвинуваат од Локалната самоуправа во Охрид. Околу 4000 жители на с.Лескоец и понатака лежат на септички јами и чекаат  приклучок за канализационата мрежа. Од еколошкото друштво „Јагода“ предупредуваат на опасностите од септичките јами.
Градежните зафати, кои ги започна охридската Локална самоуправа, беа запрени. Потребна беше дозвола за прекоп на магистралниот пат Охрид-Битола, која ја издава Агенцијата за регионални и магистрални патишта.

LeskoecЗа решавање на проблемот, на јавна  трибина  што се одржа на крајот од минатата година  Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски вети дека ќе направи напори проблемот на лесковчани  да се реши.

Од Локалната самоуправа потврдуваат дека до денес од  Агенцијата за регионални и магистрални патишта  нема издадено  дозвола.  Извори од Агенцијата, за ТВМ велат дека дозвола за прекоп на патот не се издава затоа што со тоа се нарушува статиката на патот и препорачуваат подземно дупчење на истиот, за кое пак Локалната тврди дека е невозможно да се изведе поради постоење на гранитна карпа под патот. Агенцијата побарала доказ за постоење на карпата, по што веднаш би ја издадле дозволата за прекоп на магистралниот пат. До денес ваков доказ не е доставен до Агенцијата, па затоа не е ни издадена дозволата. 

Инаку, Локалната самоуправа и Владата од своите буџети за оваа година издвоија неколу милиони евра за доизградба на канализациона и водоводна мрежа, во повеќе места во Охрид и околината.

 

 

 

{loadposition content9}