Skip to main content

Македонија се претстави на Швајцарските танц денови

Претставници од Македонија учествуваа на Швајцарските Танц Денови кои се одржаа од 22 до 25 јануари во неколку градови во Швајцарија.

balet
балет
Претставници од Македонија учествуваа на Швајцарските Танц Денови кои се одржаа од 22 до 25 јануари во неколку градови во Швајцарија.

Учеството на Гордана Деан Поп Христова, Кире Миладиноски и Биљана Тануровска – Ќулавковски  беше поддржано од Швајцарската програма за култура во Западен Балкан, програмата за Швајцарско балканска размена и Швајцарската фондација за култура Прохелветиа во Цирих.
Швајцарските Танц Денови се организираат со цел да се прикажат најновите и најдобрите продукции од Швајцарија и истите да се претстават пред бројни интернационални гости. Швајцарските Танц денови се место за презентација, средби и размена на искуства во полето на современиот танц.

SvajcarijaМакедонските учесници, покрај можноста да ги погледнат најновите продукции од швајцарската современа танцова сцена и нејзиниот развоен тек, имаа можност да се сретнат и разменат информации и искуства со бројни презентери, промотори како и креатори на танцовата политика во Европа.

Деан Поп Христова, Миладиноски и Тануровска- Ќулавковски на останатите гости ги претставија Локомотива и Ребис од Скопје, Зодијак од Прилеп, и ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ со својот отсек за современ балет, како и условите и потребите на македонската современа танцова сцена.
Ова беше едно позначајно меѓународно учество кое овозможи контакти, вмрежување, како и пошироко претставување на македонската современа танцова сцена. Некои од танчерите и кореографите ќе бидат повикани како гости предавачи кои ќе одржат семинар за учениците во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а некои како учесници на современиот танцов фестивал „Локомоушн“- Мрдни се! кој го организира Локомотива и за прв пат се одржа во Скопје минатата година и ќе се одржи во октомври оваа година.

 

 

 

{loadposition content9}