Skip to main content

Кирил Трендафилов Нанче кандидат за градоначалник

Кирил Трендафилов Нанче претставен на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.

 

 |  Татјана Маленкова  | 
Kiril Trendafilov
Кирил Трендафилов
Кирил Трендафилов Нанче официјално претставен како кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

„Во изминативе четири години многу работи се пропуштени, ние тоа мора да го надоместиме, за што ќе треба многу ангажман“, изјави Трендафилов. Советничката листа на оваа партија за Охрид се уште не е објавена, ќе се знае најдоцна до 3 февруари на полноќ.

„После подолги анализи и  истражувања на мислењето на граѓаните на град Охрид, одлучивме за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ за Охрид да биде Кирил Трендафилов Нанче“, рече претседателот на О.О. на ВМРО ДПМНЕ, Борче Стефановски.

Покрај тоа што за него претставува голема чест, истовремено Трендафилов чуствува и огромна обврска што партијата го избрала него за кандидат за градоначалник.

pres konferenciaj„Сите заедно, јас како човек што треба да влечи нанапред, соработниците и подршката на централната власт -тоа е  единствениот начин да функционира една општина како што треба. Големите права и обврски ќе може да се остварат со соработка со централната власт посебно, во делот на капитални инвестиции“ – додаде Трендафилов.

Потсетуваме дека, покрај Кирил Трендафилов Нанче, за прв човек на Охрид во трка се и актуелниот градоначалник Александар Петрески кандидат од редовите на СДСМ, Ацо Попоски кандидат од НСДП, Боро Павлоски кандидат од ЛДП и Владо Рувинов Љац, независен кандидат.  

 

 

 

{loadposition content9}