Skip to main content

Светски ден на водни живеалишта

Охридскиот регион да се најде на листата на биоводни резервати, а неговиот албански дел да биде на листата на Унеско, ова се заложбите на експертите за водени ресурси.

 |  Татјана Маленкова  | 
Dejan Panoski
Dejan Panoski
Охридскиот регион да се најде на листата на биоводни резервати, а неговиот албански дел да биде на листата на Унеско, ова се заложбите на експертите за водени ресурси. Денес во Преспанскиот регион  се одбележа светскиот ден на водни живеалишта.

Светскиот ден на водните живеалишта, 2 Февруари, во Македонија денес се одбележа со свеченост во прекуграничниот регион Преспа парк. На свеченоста се одржаа многу едикативни активности за основците и средношколците.

На денешната свеченост во Ресен, едукативно предавање на тема Водни живеалишта (предизвици и нивна заштита во иднина) одржа проф. д-р Трајче Талевски од Хидробиолошки Завод од Охрид, истакнат експерт и познавач на состојбите во Преспа и Преспанското Езеро.

KaneoДенеска во преспанскиот регион покрај Светскиот ден за водни живеалишта се прославуваше и 9 годишнинта од Преспа паркот, што претставува
Заедничката идеја помеѓу трите држави Македонија, Грција и Албанија за формирање на прекугранично заштитено подрачје Преспа Парк и отпочнување на заеднички напори за воспоставување на хармонизирано и интегрирано управување со природните вредности во сливот на Преспанското Езеро.

 Целта на формирање на регионот е подобрување на социо-економската перспектива на локалните заедници со истовремена заштита и унапредување на исклучително богатиот и ендемичен биодиверзитет кој опстојува во овој регион.

Од посебен интерес за нашиот регион е Охридскиот регион да го внесиме во листата на биоводни резервати, со тоа да му дадеме поголемо значење, а Албанскиот дел да го ставиме на листата на Унеско истакна Пановски.

 

 

 

{loadposition content9}