Skip to main content

Љупчо Нечковски за само 12 часа, ги собра потребните потписи

Љупчо Нечковски за само 12 часа, ги собра потребните 350 потписи, за кандидатура за престојните избори. Тој ќе ја предводи независната советничка листа.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ljupco Neckoski
Љупчо Нечкоски
Љупчо Нечковски за само 12 часа, ги собра потребните 350 потписи, за кандидатура за престојните избори. Тој ќе ја предводи независната советничка листа.   

Нечковски не сакаше да даде  коментар за тоа што и невладиниот сектор како независни кандидати сакаат да бидат дел од советот на општина Охрид.

„Мене феноменот од 8 независни листи ме зачудува и можеби сме единствен град со олку независни листи. Доколку независниот сектор поднесол листата, со онаа намера за која е формиран, ја поздравувам таа одлука и очекувам  и тие да добијат подршка од граѓаните“, рече Нечковски.

glasacki kutiiТој искажа задоволство и од работата на актуелниот совет на општина Охрид. Вели дека во овие 4 години советниците биле доста работни и сработале доста.

Овој 4 годишен мандат беше престројување на локалната самоуправа, и локаланата власт се најде во мат позиција но мислам дека благовремено се прилагоди на промените. Со новите ингеренции кои ги добија локалните власти општина Охрид добро се снајде  рече Нечковски.

 

 

 

{loadposition content9}