Skip to main content

Економската криза чука и на вратите од македонските фирми

ТЦГ „Леарница“ засега се справува со последиците од економската криза.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого
ТЦГ „Леарница“ е пример во нашата општина, која затекната од тешката економска криза, вложува напор да се задржат на работните места сите 270 вработени.  Менаџерскиот  тим го направи првиот чекор за да нема драстични отпуштања од работа и го скрати работното време од 8 на 6 часа, со што, барем засега, нивните вработени нема да се најдат на списокот на невработени лица во Центарот за вработување.
Во моментов производствениот процес тече во четири смени.  

centar za vrabotuvanjeОд Центарот за вработување нагласуваат дека во нивната евиденција има 11.200 лица кои се во потрага по вработување. Ванчо  Баткоски, раководител на Центарот за вработување, вели дека засега  бројката на невработените стагнира, а позитивниот пример со ТЦГ „Леарница“ им дава надеж дека невработеноста во општина Охрид  нема да има поголем замав. И годинава, во Центарот продолжуваат  да ги спроведуваат  активните мерки за самовработување со кредитирање. Од месец март ќе се примаат и нови апликации за отпочнување сопствен бизнис.  

Наскоро се очекува позитивен одговор од централата во Скопје, по барањата на 45-те невработени, кои своите апликации ги доставија минатата година, во периодот септември – декември. Најмногу интерес има за отпочнување дејности во областа на земјоделството, сточарството, занаетчиството и услужните дејности.

 

 

{loadposition content9}