Skip to main content

Епидемиолозите потсетуваат „нечисти раце – извор на зараза“

    Стручните лица го потенцираат фактот дека, во спречување на заразните болести многу важна компонента има навиката за одржување хигиена на рацете.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого
    Стручните лица го потенцираат фактот дека, во спречување на заразните болести многу важна компонента има  навиката за одржување хигиена на рацете.


Д-р Јованка Стурлакова  Коровешоска вели дека рацете, а особено прстите, се најчесто изложени на загадување. Во нечистотијата на рацете се наоѓаат и причините на многу заразни болести. Епидемиолозите укажуваат дека редовното миење на рацете со течен сапун и доволно количество на вода е првата и основна превенција од заразните болести.  

deteВо моментов, Македонија ја тресе епидемија на заушки, а на удар се тинејџерите. Загрижува и неодамна објавениот податок дека мал е бројот на учениците кои редовно мијат раце по извршување на физиолошките потреби. За да ја  видиме состојбата со санитарните јазли, ТВМ посети неколку средни училишта. Митре Велјаноски, советник на  охридскиот градоначалник, категорично изјавува дека Локалната самоуправа, не штеди пари за санација на училишните  тоалети, посебно во последниве 2-3 години.

Велјаноски кажува дека е минато времето кога одржувањето на училиштата било под капата на централната власт и кога многу често се правеле записници за затварање на училишта поради нехигиена на санитарните јазли.

 

 

 

 

{loadposition content9}