Skip to main content

Стоунер пред Роси

Поранешниот светски првак, е подобар од моменталниот. Светскиот првак од 2007 година, Кејси Стоунер во малезија на првото официјално тестирање ово новата сезона на патеката во сепанг прошиша пред светскиот првак Валентино Роси.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kejsi Stouner
Кејси Стоунер
Поранешниот светски првак, е подобар од моменталниот. Светскиот првак од 2007 година, Кејси Стоунер во малезија на првото официјално тестирање ово новата сезона на патеката во сепанг прошиша пред светскиот првак Валентино Роси.

Последниот ден во Малезија и покрај болките во од пред три месеци оперираниот зглоб Кејси Стоунер ги стисна забите. Австралијанецот извози 2:01.043  восвојот последен круг и го остави Валентино Роси на второто место за  0.094 секунди.

Kejsi Stouner„Јас сум повеќе од задоволен. Имам болки, но денес се бакнував со мојот мотор. Шасијата е феноменална, аи гумите на Бриџстоун се прекрасни. Сега пред мене е напорен тренинг за да се опоравам 100%“, изјави Стоунер.

Третото место го освои извонредниот Лорис Капироси на Сузуки со време од (+0.219),а под секунда заостанување забележаа и Колин Едвардс, (+0.370), Тони Елиас, (+0.517), Крис Вермулен, (+0.623), Хорхе Лорензо (+0.864) и Андреа Довизиосо (+0.912).

 

 

{loadposition content9}