Skip to main content

Американскиот план за спас на банките ќе биде обелоденет утре

Администрацијата на претседателот на САД Барак Обама за еден ден го одложи објавувањето на долго очекуваниот план за спасување на банките.

 |  Крсте Голабовски  | 
zname
знаме
Администрацијата на претседателот на САД Барак Обама за еден ден го одложи објавувањето на долго очекуваниот план за спасување на банките.

Администрацијата на претседателот на САД Барак Обама за еден ден го одложи објавувањето на долго очекуваниот план за спасување на банките и ги повика законодавците да ги надминат разликите за огромниот пакет за стимулирање на економијата, пренесоа светските агенции.
Министерот за финансии на САД Тимоти Гајтнер утре ќе ги претстави главните поенти од планот, соопшти Министерството за финансии.

bankaПретходно беше соопштено дека Гајтнер денеска ќе ги претстави новите мерки. Одлагањето е направено за да може Сенатот, пред гласањето во вторник, да го разгледа планот за помош на економијата, забележаа агенциите.
Планот за стимулирање на економијата и спас на банките е клучен елемент од стратегијата на претседателот Барак Обама за справување со најсериозната финансиска криза во САД од времето на Големата депресија.

Гајтнер треба да соопшти како новата администрација планира да ги искористи 350-те милијарди долари, останати од програмата за помагање на финансискиот систем вредна 700 милијарди долари.

 

 

{loadposition content9}