Skip to main content

Водата од градската мрежа е исправна за пиење

Изминатиов викенд, охриѓани беа зачудени од белината на водата за  пиење од градската водоводна мрежа.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого
Изминатиов викенд, охриѓани беа зачудени од белината на водата за  пиење од градската водоводна мрежа.

Граѓаните беа во недоумица  дали водата  е исправна за пиење и дали станува збор за присутност на голема количина на  хлор. Директорот на МЈП Проаква, Бранко Трпчески смирува  дека водата е исправна за пиење и дека не станува збор за прехлорираност. Белината на водата се должи на зголемениот проток на воздух што е резултат на надојдените извори со вода по обилните дождови  и снегот кој се топи појаснува Трпчески.

vodaОдговор за квалитот на водата побаравме и  од подрачната единица на Заводот за здравствена заштита,  задолжени  да ја  следат исправноста на водата.

Д-р Лидија Симоноска од ЗЗЗ -Охрид  категорично потврди дека  водата од градската мрежа е исправна за пиење. Во подрачната единица на Завод за Здравствена Заштита, 2 пати во текот на неделата  се земаат примероци од водата и се вршат испитувања. По потреба водата се  испитува и  4 пати неделно вели д-р Симоноска. Водата за пиење според законските нормативи се  испитува и  во лабараторијата на МЈП Проаква.

 

 

{loadposition content9}