Skip to main content

Глувите лица од Охрид го реновираа својот клуб

Животот во тишина не ги спречува глувите лица да бидат насмеани и весели.

 |  Валентина Нелоска  | 
pehari
пехари
Од неодамна  тие го реновираа свјот клуб со помош на холандската фондација  „Владобро“. Проектот вреден  околу 2000 евра беше подржан од Владо и  Катерина Велјаноски кои живеат и работат во оваа европска земја.  Со помош на проектот,  здружението на глуви и наглуви лица набави 4 комјутери, телевизор и двд плеер , поставија  ламинат, ги претапацираа столиците, ги варосаа просториите и го поправија парното греење. Во уредување на просториите, доброволно беа  работно ангажирани повеќе глуви лица меѓу кои работите ги надгледувал  Илија Илиески.  Осмислениот и убаво среден простор, каде што глувите лица поминуваат дел од своето време ги прави среќни објаснува  Ружа Мишева.

Slavica StefanovskaПретседателот на Здружението на глуви  и наглуви лица Славица Стефаноска, вели  во клубот нивните членови се дружат и имаат меѓусебно разбирање, превод и помош за нормално одвивање на животот. Тие се трудат да држат чекор и со времето. „Членовите посетуваа часови по компјутер и сега може да комуницираат со своите деца кои се школуваат во Скопје или пак живеат во странство.  Дома немаат комјутери или Интернет, но тука сето тоа им е достапно“ додава Стефаноска.  Здружение на глуви и наглуви постои 52 години и брои  околу 150 членови. Сепак, активно го посетуваат  околу 60 глуви и наглуви лица кои се дружат, гледаат ТВ, играат шах или читаат списанија.
За потребите на нивните деца има и посебно осмислено катче каде што младите се забавуваат на свој начин.

 

 

{loadposition content9}