Skip to main content

Горно Лакочереј – без вода

Горно Лакочереј подолг период нема вода. „Вака не се живее“, се жалат жителите. Претседателот на Месната Заедница вели се работи за дефект на кој ќе се работи утре.

 |  Татјана Маленкова  | 
cesma
чешма
Горно Лакочереј подолг период нема вода. „Вака не се живее“, се жалат жителите. Претседателот на Месната Заедница вели се работи за дефект на кој ќе се работи утре.

Жителите на селото Горно лакочереј намаат вода ни за лек. Веќе неколку дена мака мачат во извршувањето на секојдневните обврски. Приморани се дури и за миење садови да црпат вода од бунарите.

bunarГраѓаните овие неколку дена очекувале дека некој од надлежните ќе го санира овој проблем и дека вода ќе добијат за скоро време. За овој проблем спас побарале од Проаква, но од таму им било кажано дека за решавање на овој проблем надлежни се од месната заедница на Горно Лакочереј. Тв М телефонски стапи во контакт со претседателот на месната заедница Илче Настески. Тој  не информираше дека вода нема поради дефект во Прентов Мост. Воедно ни кажа дека не само Горно Лакочереј , туку поради дефектот вода уште нема и во селата Вапила и Косел и комплетно фабриката ЕМО. Дефектот ќе се санира утре, вели претседателот на МЗ кој одбиваше телефонски да биде снимен. Поради градежниот зафат, утре ЕМО нема да работи, додава Настески.
Инаку првично најголемиот проблем со водоводната мрежа во Горно Лакочереј настанал пред два месеци кога изгорела главната пумпа. Претседателот на МЗ се обратил во ЕВ Н но како што ни кажа тие одбиле да ја поправат. ТВ М и понатаму ќе го следи овој случај.

 

 

 

{loadposition content9}