Skip to main content

Челзи се поблиску до Хидинк

Тренерот на Русија Гус Хидинк изјави дека е подготвен да стане тренер на Челзи до крај на сезоната, после потребната дозвола со која ке може да ги искомбинира двете обврски.

 |  Крсте Голабовски  | 
Gus Hidink
Гус Хидинк
Тренерот на Русија Гус Хидинк изјави дека е подготвен да стане тренер на Челзи до крај на сезоната, после потребната дозвола со која ке може да ги искомбинира двете обврски.
Сините му пристапија на холанѓанецот, како на еден од најдобрите светски тренери, откако го корпосаат Лузи Фелипе Сколари.

 

Хидинк изјави дека има посебен однос со сопственикот на Челзи, милијардерот Роман Абрамович, кој му ја дава плата као тренер на Руската репрезентација.

logo„Ова е посебна ситуација. Да беше друг клуб освен Челзи секако дека ќе речев не“,изјави Хидинк.

„Челзи е поинаков клуб зошто имам неверојатно добри односи со сопственикот, би сакал да им помогнам во ситуацијата ако некако можам“, додаде тој.

Од Челзи официјално потврдија дека пристапиле до Руската фудбалска федерација, за дозвола да зборуваат со Хидинк, да стане привремен тренер до крајот на сезоната, а истворемено да биде тренер на рускиот национален тим. Дозволата е добиена и од Челзи се благодарни на Руската фудбалска федерација, за нивното разбирање.

 

{loadposition content9}