Skip to main content

Ферари има проблеми со КЕРС

Возачот на Ферари, Кими Раиконен го имаше најбрзиот ден на тестирањето на болидот на Ферари, на патеката во Бахреин, Шакир и покрај загубените три часа поради кварот на КЕРС колото за ладаење.

 |  Крсте Голабовски  | 
Bharein
Бахреин
Возачот на Ферари, Кими Раиконен го имаше најбрзиот ден на тестирањето на болидот на Ферари, на патеката во Бахреин, Шакир и покрај загубените три часа поради кварот на КЕРС колото за ладаење.
Раиконен беше подобар од колегата од Тојота, Јарно Трули и Ник Хајфелд во болидот на БМВ кој ја презеде должноста од Кристијан Клајн.

Финецот забележа време од 1:32.102  во неговиот Ф60, италијанецот Трули 1:32.230, во неговиот TF109, а германецот Хјдфелд 1:32.585.

BahreinШампионот од 2007, Кими Раиконен кој во понеделникот беше поспор од Клајн, се врати после кварот на КЕРС системот, благодарение на проценките кои тимот ги имаше изготвено токму за ваков случај, ако хипотетички истиот би се повторил за време на трка.
Тој ги заврши сите 107 круга пред неговиот клубски колега Маса Фелипе да ја преземе должноста.