Skip to main content

„Џенерал моторс“ планира отпуштање на 47 илјади работници ширум светот

Американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“. планира да скрати 47 илјади работни места во светот оваа година.

 

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“. планира да скрати 47 илјади работни места во светот оваа година.

Американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“. планира да скрати 47 илјади работни места во светот оваа година и да затвори уште пет американски фабрики, како дел од планот за преструктуирање, кој компанијата вчера му го претстави на американското Министерство за финансии.
Од најавените 47 илјади откази, 26 илјади се надвор од САД.
Компанијата истовремено нагласи дека е можно до 2011 година да има потреба од дополнителна помош од државата во износ од 16,6 милијарди долари.
Американските медиуми вчера јавија дека Владата на Барак Обама ќе отпушти уште четири милијарди долари за „Џенерал моторс“.

fabrikaАдминистрацијата на поранешниот американски претседател Џорџ Буш во последните две недели од владеењето се согласи да отпушти два пакети од 9,4 милијарди долари и од четири милијарди долари за „Џенерал моторс“ и за „Клајслер“, во декември и јануари, плус дополнителен помошен пакет за „Џенерал моторс“ за овој месец.

 

 

 

 

 {loadposition content9}