Skip to main content

Месерет Дефар со нов светски рекорд

Етиопската атлетичарка Месерет Дефар постигна нов светски рекорд во трката на 5.000 метри во сала.

 |  Крсте Голабовски  | 
Meseret Defar
Месерет Дефар
Етиопската атлетичарка Месерет Дефар постигна нов светски рекорд во трката на 5.000 метри во сала.
Олимписката шампионка од Атина 2004 година и моментално бронзената од ланските Летни олимписки игри во Пекинг, Месерет Дефар, го подобри  за повеќе од три секунди рекордот на Турунеш Дибаба постигнат во Бостон 2007 година. 25 годишната Дефар петте илјади местри во Стокхолм ги претрча за 14 минути 24 секунди и 37 стотинки. Етиопјанката последниот круг го претрча за 30,3 секунди, додека Русинката Марија Коновалова на второ место ја остави зад неа за една минута и 18 секунди.

Meseret DefarОвој рекорд на Дефар е седми светски рекорд кои е соборен во салата “Гала Митинг“ во Стокхолм.  Порано ова време го соборија Хаиле Гебреласие и Даниел Комен на 5.000 метри, Марија Мутола два пати на 1.000 метри како и Никола Хумберт и Светлана Теофанова во скок со стап. Од другите резултати кои треба да се издвојат е и петата победа по ред на олимпискиот шампион во скок со стап Стивен Хокер. Австралиецот скокна 5 метри и 86 сантиметри, но и овој пат не успеа да го собори светскиот рекорд од 6 метри и 16 сантиметри.

 

 

 

{loadposition content9}