Skip to main content

Промоција на регионот Виа Игнација

Холандска фондација со соработници од Македонија и соседството ќе го промовира и развива регионот околу Виа Игнација.

Via Ignatia
Виа Игнација
Холандска фондација со соработници од Македонија и соседството ќе го промовира и развива регионот околу Виа Игнација.

Детали во врска со проектот „Враќање кон Виа Игнација“, ќе бидат соопштени денеска на прес конференција во Битола, која ќе ја отвори амбасадорката на Холандија Симоне Филипини.

Via IgnatiaХоландската фондација „Виа Игнација“ првенствено е составена од научници со посебен интерес за Балканот и има за цел да го поттикне интересот за регионот низ кој минувал овој антички пат на териториите на денешна Македонија, Албанија, Грција и Турција.

Проектот ќе биде насочен кон животот околу патот, преку трговијата, религијата, уметноста и музиката, преку објавување книга, цд/двд со музика на народите кои живеат долж патот, документарен филм, научни трудови и Интернет страница.
Се очекува овие производи да промовираат нов дух на регионална соработка во земјите долж Виа Игнација и туристичка промоција во странство.

 

 

{loadposition content9}