Skip to main content

Леброн Џејмс броеше до 55

Прeдводени од Леброн Џејмс, Кливленд на гостувањето во Милвоки ги совлада домаќините со 111:103, а самиот Џејмс постигна дури 55 кошеви или само еден помалку од целиот тим.

 |  Крсте Голабовски  | 
Lebron James
Леброн Џејмс
Прeдводени од Леброн Џејмс, Кливленд на гостувањето во Милвоки ги совлада домаќините со 111:103, а самиот Џејмс постигна дури 55 кошеви или само еден помалку од целиот тим.

Првиот ас на Кливленд, така по седми пат во својата кариера на еден натпревар уфрли повеќе од 50 поени, а веќе втор пат оваа сезона. На почетокот намесец февруарина гости во њујоршкиот Медисон Сквер Гарден, Џејмс го заврши натпреварот со 52 коша.

Lebron JAmesОстанатите НБА натпервари беа:

Шарлот-Орландо 80-92
Њу Јорк-Торонто 80-92
Хјустон-Далас 93-86
Мемфис-Сакраменто 106-115
Минесота-Индијана 105-112
Њу Џерси-Вашингтон 96-107
Чикаго-Денвер 116-99
Милвоки-Кливленд 103-111
Феникс-Оклахома 140-118
Портланд-Атланта 108-98 и
Л.А.Лејкерси –Њу Орлеанс 115-111

 

{loadposition content9}