Skip to main content

Дочекавме и пораз на Барса

Борбата за титулата во Примера лигата доби нов момент, со празот на Барса од Еспањол (1:2) и триумфот на Реал над Бетис од 6:1.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Борбата за титулата во Примера лигата доби нов момент, со празот на Барса од Еспањол (1:2) и триумфот на Реал над Бетис од 6:1.

Разликата помеѓу вечните ривали сега е не толку големи седум поени, а треба да се има во предвид дека на пролет, каталонците играат во гости во Мадрид. После прекрасната игра против Бетис, на „Сантјаго Бернабеа“ веруваат дека сеуште не е се изгубено кога станува збор за одбарана на титулата.

Klas Huntelar Тимот на Хуанде Рамос изигра совршено во првото полувреме против клубот од Севиља. Сите голови беа постигнати во првиот дел а стрелци за кралскиот клуб беа Игуаин, Хунтелар и Раул и Рамос. Почесниот гол за гостите го постигна Рикардо Оливеира во 30-та минута. Посебно задоволство представуваа двата гола на Клас Јан Хунтелар.

Тренерот Хуанде Рамос изјави дека ен се точни неодамнешните шпекулации дека Хунтелар е незадоволен со својата позиција во клубот,а тоа го потврди Хунтелар со изјавата дека победата над Бетис е резултат на заеднички напори.

 

 

{loadposition content9}