Skip to main content

Охрид ќе биде Е-општина

„Желба ми е да направам Е – општина,мала ефикасна и достапна за секого“,- рече кандидатот за градоначалник  Кирил Трендафилов Нанче.

 |  Татјана Маленкова  | 
Kiril Trendafilov
Кирил Tрендафилов
 „Желба ми е да направам Е – општина,мала ефикасна и достапна за секого“,- рече кандидатот за градоначалник  Кирил Трендафилов Нанче.

Тој денеска ги слушна проблемите на пазарџиите и  стопанствениците. Од оваа партија денес излегоа и со низа прашања до градоначалникот Александар Петрески

„Доколку бидам избран за градоначалник ќе направам се да профункционира општинската администрација, затоа што таа е во служба на граѓаните“, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче.

Генерално моја интенција е да направам електонска  општина, која на граѓаните ќе им биде достапна 24 часа. Најважно е на документите кои влгуваат во општината  да им се знае трагата, рече Трендафилов. На прашањето за финансиската криза со која се соочува Охрид, Нанче со свое гледиште. „Иднината е во малите флексибилни претпријатија. Немој да мислите дека гиганти ги решаваат проблемите“, рече кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.  Трендафилов денеска оствари работни средби со пазарџиите и со стопанствениците. По прошетката низ градскиот пазар Нанче со став дека граѓаните имаа проблеми поради тоа што тие не се решавале навреме.„Јас има своја програма и план за решевање на проблемите“, рече Трендафилов. Тој беше запрашан и дали е подготвен за дуел.

pres konferencijaДенеска од центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ излегоја со повеќе прашања, упатени до градоначалникот Александар Петрески.

Ако општина Охрид има интерес од инвестиции во вредност од 9 милиони и шестотини илјади евра и има интерес да собере комуналии во вредност од околу 1 милион евра од реализација на овие проекти, зошто г-дин Петрески таков интерес нема, се запрашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

„Дали Петерски смета дека Охриѓани ја споделуваат неговата „визија“ и „визијата“ на таканаречените „инвеститори“ Охрид да го трансформираат во бетонирано чудовиште, град на духови , поточно град на празни станови, на луѓе кои не живеат нити имаа намера да живеат во него“- рече денеска портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ ,Јованчо Секуловски.

 

 

{loadposition content9}