Skip to main content

Северна Кореја најавува лансирање на сателит

Северна Кореја синоќа соопшти дека се подготвува да лансира сателит, што аналитичарите го оценуваат како најава за нејзино пробно лансирање на ракета со најголем домет досега.

 |  Крсте Голабовски  | 
raketa
ракета
Северна Кореја синоќа соопшти дека се подготвува да лансира сателит, што аналитичарите го оценуваат како најава за нејзино пробно лансирање на ракета со најголем домет досега.

test regioni Во тек е подготовката за пробно лансирање на носач на ракети „Унха-2“, која во вселената ќе го изведе телекомуникацискиот сателит „Кванмонсон-2“. Лансирањето ќе се изврши од провинцијата Северен Хамген, се наведува во соопштението на Корејскиот комитет за вселенски технологии.

Во 1998 година комунистичкиот режим во Пјонгјанг соопшти дека лансирал „направа за лансирање вештачки сателити во вселената“, но потоа се докажа дека е ракета „Таеподон-1“, која прелета над дел од Јапонија, по што падна во Тихиот Океан.

 

 

{loadposition content9}