Skip to main content

Се обврзаа на фер избори

Политичките партии ставија потпис на Декларацијата за изборно достоинство.

 |  Валентина Нелоска  | 
potpis
потпис
Политичките партии ставија потпис на Декларацијата за изборно достоинство.

На Декларацијата за изборно достоинство својот потпис го ставија девет  преставници на охридските политички партии. Потписниците со овој гест покажаа дека  не се двоумеле да се обврзат на чесен и демократски изборен процес вели носителот на советничката листа од ДУИ, Недим Положани.
Иако потпишувањето е симболичен чин, најголем број од политичките субјекти се одзваа на усвојувањето на декларацијата што не радува потенцира Веле Митаноски, носител на советничка листа од СДУ.

politicariНа потпишувањето на Декларацијата присуствуваше и претседателот на СДУ на Македонија, Лазар Еленоски. Тој го поздрави чинот и истакна дека нивната  партија на централно ниво  веќе е потписник на Кодексот за фер и  демократски избори од Националниот демократски  институт.
Врз декларацијата единствено потпис не ставија од општинската организација на НСДП. За ТВМ  изјавија дека со непотпишувањето на Декларацијата сакале да го насочат вниманието  кон политичките субјекти,  дека не се само за формални туку за суштински слободни и фер избори. Наведуваат дека потпишувањето на вакви документи се само формална процедура, а  досегашните искуства покажуваат  дека тие во пракса не се почитуваат. Од НСДП потенцираат со своите активности ќе  покажат на престојните избори дека се за фер и демократски избори.

 

 

{loadposition content9}