Skip to main content

Петрески верува во своите менаџерски способност

„Моите менаџерски способности се многу поголеми од оние за кои сум критукуван“, им возвраќа градоначалникот на критиките од ВМРО ДПМНЕ.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески
„Моите менаџерски способности се многу поголеми од оние за кои сум критукуван“, им возвраќа градоначалникот на критиките од ВМРО ДПМНЕ.

„Голема лага е дека локалната не е заитересирана за урбанистичките  планови  кои ги форсира владата“ рече градоначалникот Александар Петрески, по вчерашните критики упатени кон него од страна на ВМРО ДПМНЕ.

Пресс конференцијата се оджува во просториите на локалната самоуправа затоа што бев прозван да одговарам на прашања како градоначалник, а не како кандидат за таа функција, рече Петрески. Урбанистичките планови, кои се проценети кои Итни ги работи државата и во моментов се закочени  во агенцијата за урбанизам, рече градоначалникот. „Дека сум се фалел дека сум самонаречен менаџер, може да зборуваат луѓе кои немаат ништо направено во животот. Луѓето кои работат, знаат да ја ценат работата и на другите, рече Петрески.

Aleksandar Petreski„Јас бев најмладиот директор во ЕМО, а во тие години кога раководев со таа фабрика се направија капиталните објекти во Македонија, рече Петрески. Во 98 година со партиски пресметки, бев избркан од оваа фабрика по што бев приморан да основам своја фирма, која иста така ги покажа моите менаџерски способности.  Да ве потсетам и на времето кога ЈП Охридски комуналец се соочуваше со штрајкови и кога се давеше во долгови. Тогаш кога никој не сакаше да раководи со ова претпријатие. По барање на тогашниот градоначалник припадник на партијата ВМРО ДПМНЕ бев избран да менаџирам со Комуналец по што ова ЈП стана едно од најуспешните во државава, револтирано говореше Петрески.

„Зошто се чекаше 70 години за да се направи Гимназијата“. Зошто салата во Григор Прличев чекаше за да биде направена 20 години. Зошто изминативе години во училиштата се грееја со ќумбиња и на дрва, а сега со парно. Ништо од ова не е случајно. Догрдивме и училници за продолжен престој, ги реновираме паркетите. Зошто за ова не се зборива нисто, вели Петрески. Во однос директните прашањата за марината на пловните објекти, олимпискиот базен, изградбата на фудбалски игралишта, тениски игралишта, зошто велат дека јас ги кочам овие проекти.

Петрески на пресс конференцијата најави дека деновиве ќе започне за се асфалтита улицата Железничка.Зошто се чекаше толку години, за сега среде зима да се асфалтира.

Градоначалникот даде свое мислење и за најавата Домот на АРМ да прерасне во информатички универзитет. Според петерски местото на универзитетите во Охрид би требало да биде на просторот кај војската. Таму имаме готова инфраструктура, рече Петрески. А  домот на АРМ е идеално место за охридскиот театар и за невладините организации. Тој додаде „Се плашам дека по изборите проект за универзитет повторно ќе биде повлечен од охрид во Скопје, рече грдоначалникот Александар Петрески.

 

 

{loadposition content9}