Skip to main content

Презентирана независната листа за советници на „зелените“

Со претставувањето на листата за советници, еколошките граѓански организации ја продолжуваат битката за зелен Охрид.

 |  Ристо Јакимовски  | 
logo
лого
Со претставувањето на листата за советници, еколошките граѓански организации ја продолжуваат битката за зелен Охрид.

На денешното представување на кандидатите за советници, еколошките друштва ги потенцираа проблемите од областа на екологијата.

Во хотелот Ривиера денеска пред јавноста беа представени кандидатите за советници на општина Охрид на еколошките граѓански организации . Носител на листата е Борис Стојаноски екологист. На листата за советници застапени се претставници од областа на екологијата, туристички и просветни рабаотниц. На денешното представување на кандидатите еколошките друштва ги потенцираа проблемите од областа на екологијата.
 
ekologistiОд таму потенцираат, дека сега не е потребно да се разгледува опцијата за изградба на бензинска пумпа на брегот на езерото, со тоа се доведува во опасност еколошкиот баланс.  Се истакнува дека во иднина е потребно да се намали бројот на пловните објекти, а самата изградбата на бензинска пумпа не оди во прилог на заштита на езерото.

Коалицијата на еколошки граѓански организации од Охрид:  „Грашница“,„ Јагода“, „Лак“, младинскиот клуб „Вавилон“ и туристичката агенција „Билјана“, истакнуваат дека и понатака ќе продолжaт со следење на случувањата од областа на екологијата и да се за борат за зелен Охрид. 

 

 

{loadposition content9}