Skip to main content

Нанче во посета на капетанијата

Трендафилов заинтересиран за водениот сообраќај во Охридското езерто, но и за бродска линија Охрид – Поградец.

 |  Татјана Маленкова  | 
Kiril Trendafilov
Кирил Трендафилов
Трендафилов заинтересиран за водениот сообраќај во Охридското езерто, но и за бродска линија Охрид – Поградец.

Капетанот Настоски и Трендафилов разговараа и за важноста од изградба на марина за пловни објекти.

„Локалната самоуправа и капетанија мора да соработуваат“, затоа денес ја посетив рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче.

„Долг период се разговара за регулирање на многу работи околу пристаништата, сообраќајот во езерото и изградба на марина. Знам дека се обезбедени средства од Р Македонија за изградба на ваков капитален објект  за Охрид“, рече Трендафилов и затоа сум заинтересиран зошто сеуште не е направен.

Kiril TrendafilovКапетанот Љупчо Настоски даде појаснување дека во месец февруари минатата година владата издвоила 180 000 денари, средства за изработка на урбанизтички проект за марина за пловни објекти. Овие пари затоа што не беа искористени за нивната намена беа вратени назад, рече Настоски.

„Треба под итно да се изнајде решение за запуштените пристаништа во Охрид и Св наум и да им се помогне на сите кои сакаат да донесат пловни објекти во езерото“, рече Кирил трендафилов.

„Веќе сме влезени во меѓурегионална соработка и многу пари можеме да повлечеме од Европската унија за проекти со кои би ги решиле овие проблеми“, додаде Трендафилов.

 

 

{loadposition content9}