Skip to main content

Најсовремена лабораториска опрема од „Dutchmed International“

Министерот за здравство Бујар Османи денеска ќе ја посети Клиниката за клиничка биохемија во Скопје по повод добивањето најсовремена лабораториска опрема.

logo
лого
Министерот за здравство Бујар Османи денеска ќе ја посети Клиниката за клиничка биохемија во Скопје по повод добивањето најсовремена лабораториска опрема.

Министерот за здравство Бујар Османи денеска ќе ја посети Клиниката за клиничка биохемија во Скопје по повод добивањето најсовремена лабораториска опрема, со што ќе се означи почетокот на реализација на договорот за набавка на поголем број лабораториски биохемиски анализатори.

Bujar OsmaniДоговорот беше склучен меѓу Министерството за здравство, со Алкалоид Конс и холандската компанија Dutchmed International. Овој договор е дел од успешно завршената тендерската постапка за набавка на нова медицинска опрема во износ од 40 милиони евра.

На Универзитетската клиника за клиничка биохемија ќе бидат инсталирани два големи биохемиски анализатори (со капацитет од 350 до 450 анализи на час), од вкупно набавените седум апарати, кои ќе бидат поставени во шест јавни здравствени организации и тоа по еден за клиничките болници во Тетово и Битола, општите болници во Штип и Струмица, Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје и два на Универзитетската Клиника за клиничка биохемија. Другиот дел од набавката се состои од 22 машини за лабораториска биохемиска анализа, со капацитет од 100 до 200 анализи на час, кои ќе бидат исталирани во 22 јавни здравствени установи во земјава. Вредноста на договорот изнесува еден милион и четиристотини илјади евра.

 

{loadposition content9}