Skip to main content

Раул, во 2011 оди во пензија

Фудбалерот од Реал Мадрид, Раул Гонзалес изјави денес дека планира да игра уште две сезони во шпанскиот клуб, пред да ја заврши кариерата или да продолжи да игра во САД.

 |  Крсте Голабовски  | 
Raul Gonzales
Раул Гонзалес
Фудбалерот од Реал Мадрид, Раул Гонзалес изјави денес дека планира да игра уште две сезони во шпанскиот клуб, пред да ја заврши кариерата или да продолжи да игра во САД.

Raul GonzalesРаул неодамна го надмина рекордот на легендарниот Алфедо ди Стефано кога постигна 311 голови за Реал Мадрид. Оваа сезона постигна 13 голови, а го држи и рекордот на шпанската лига со 44 погодоци.
Овој фудбалер кој играше само за Реал Мадрид, на денешниот натпревар со Ливерпул влегува со 64 гола во Лигата на шампионите.

Раул истакна дека би сакал една година да проведе патувајќи, но и дека би можел да игра во САД, како неговиот поранешен соиграч Дејвид Бекам.

„Јас сум 90% сигурен дека мојата иднина ќе биде тесно поврзана со фудбалот во Реал Мадрид“, рече Раул.

 

 

{loadposition content9}