Skip to main content

Охрид осамна „разубавен“

Утрово осамнаа плакати со кандидатите за градоначалници и претседатели.

 |  Валентина Нелоска  | 
plakati
плакати
Одредени се трите локации  за бесплатно партиско промовирање со плакатирање, на претендентите за  градоначалници и претседателските кандидатите. Согласно изборниот законик, локалната самоуправа ги обезбеди бесплатни локации во близина на ОУ Григор Прличев, кај хотел Палас и на влезот во Охрид од страна на Кичево.

plakatiУште во раните утрински часови, партиите агилни. Ги излепија тарабите за плакатирање со своите кандидати.Никола Манески, портпарол на локалната самоуправа  вели дека  партиите со  џентелменскиот договор ќе го  почитуваат правото колкав простор ќе користат за плакатирање во изборниот процес. Џентелменски ќе се договорат и да нема прелепување и одлепување на материлајот истакна Манески.  

Лепењето плакати надвор од овој простор подлежи на санкции. Според Законот за јавна чистота казните  се ригорозни. За оние кои нема да го почитуваат Законот следуваат парични казни кои се движат од 500 до 3000 евра.

 

 

 

 

{loadposition content9}