Skip to main content

Во близина на охридското село Скребатно се урна авион

Четири лица загинаа денес во месноста Скребатно, кај селото Лескоец, во близина на Охрид кога се урна мал патнички авион на пилотската академија Скопје Аир со ознаки Z3-DCV.

 

 |  Крсте Голабовски  | 
Четири лица загинаа денес во месноста Скребатно, кај селото Лескоец, во близина на Охрид кога мал патнички авион на пилотската академија Скопје Аир со ознаки Z3-DCV удрил во паркирано патничко возило Zastava 750 при обид ниско да го надлета местото, каде се одржувал голем црковно-народен собир по повод празникот Голема Богородица.

*** ВИДЕО ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА – КЛИКНИ ***

Oчевидците кои биле на местото на несреќата тврдат дека авионот летал многу ниско, дека се слушала неправилна работа на моторот, по што следувало негово уривање најверојатно во обид да ја избегне толпата. Екипата на брзата помош, која поради настанот била на местото, не успеала да спаси никој од патниците и пилотот на авионот.

Загинале тројцата патници кои биле во авионот меѓу кои и дванаесетгодишно дете, како и пилотот на леталото. Неофицијално се дознава дека станува збор за сопственикот на хотелот „Ловец“ и негови пријатели.Во автомобилот во кој удрило леталото се наоѓало девојче кое за среќа не е повредено.




*** СВЕТСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА НЕСРЕЌАТА – КЛИКНИ***

Ова се архивски материјали од авионот, снимени пред неколку денови на аеродоромот во Скопје

{flv}Cessna_172_Z3-DCV_takeoff{/flv}

{flv}Sletuvanje{/flv}