Skip to main content

Вирусите „норо“ и „рота“ причина за епидемијата во Црна Гора

Вирусите наречени „норо“ и „рота“ најверојатно се причина за појавата на мачнини во желудникот кај голем број граѓани на Подгорица.

 |  Крсте Голабовски  | 
Вирусите наречени „норо“ и „рота“ најверојатно се причина за појавата на мачнини во желудникот кај голем број граѓани на Подгорица. Повеќе од 700 граѓани на Подгорица минатата недела заболеа од непозната болест, а оваа бројка во меѓувреме се зголеми на повеќе од 1.200 заболени. Во недостаток на адекватна лабораториска опрема, во Црна Гора се повикани експерти од Светската здравствена организација (СЗО), кои треба да помогнат при откривањето на причинителот на епидемијата.

Директорот на Центарот за контрола и превенција на болестите Драган Лаушевиќ истакна дека според досегашните сознанија, симптомите упатуваат на т.н. „рота“ и „норо“ вирусите. Лекарите предупредуваат дека овие два вируса многу лесно се пренесуваат од нечисти раце, храна и вода, поради што се очекуваат и нови случаи на заболени.
Епидемијата би можела да трае повеќе од 30 дена. Заболувањето главно е забележано само кај жителите на Подгорица, а причината за инфекција и натаму е непозната.