Skip to main content

Русија не треба да брза со влегувањето во С.T.O

Русија не треба да брза со влегувањето во Светската трговска организација бидејќи тоа во сегашни услови не е во согласност со нејзините интереси, изјави претседателот на Советот на Федерацијата Сергеј Миронов.

 |  Крсте Голабовски  | 

Тој иронично забележа дека „во САД сметаат дека Русите навечер се будат облиени во ладна пот“, поради тоа што нивната земја нема да биде примена во СТО.

Русија наскоро може да излезе од режимот на слободната трговија со Украина и на тој начин да го казни Киев за поддршката која ја даде на Тбилиси во текот на руско-грузискиот конфликт, објави електронското издание „Полит.ру“ повикувајќи се на дневникот „Комерсант“. Како доказ дека Москва ќе преземе „сериозни мерки“ во трговијата со Киев, „Полит.ру“ го наведува и барањето од страна на првиот вице премиер на Русија, Игор Шувалов до надлежните министерства, во краток рок да достават предлог за заштита на домашниот пазар, а по повод влезот на Украина во Светската трговска организација.