Skip to main content

Охридските египќани атакуваат на две советнички места

Партијата Сојуз на египќани од Охрид ја започна својата предизборна кампања и атакуваат на две советнички места.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Партијата Сојуз на египќани од Охрид ја започна својата предизборна кампања. Од таму велат дека на претстојните локални избори сеуште не знаат дали ќе настапуваат самостојно или во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, но без оглед на тоа очекуваат да добијат барем две советнички места. Председателот на партијата Петрит Хусеин потенцира дека египќаните го заслужуваат тоа бидејќи се рамноправен субјект кој егзистира во оваа држава.

Охридските египќани се надеваат дека набрзо ќе биде имплементиран Законот за заштита и унапредување на припадниците на заедниците под 20%. Тие бараат пропорционална застапеност во локалната самоуправа. Досега тврди потпредседателот на партијата, Демир Далип нема ниту еден вработен во општина Охрид од нашата заедница.

Од партијатa Сојуз на египќани најавуваат дека и во иднина ќе работат во правец за надминување на проблемите со кои се сретнува оваа етничка заедница, пред се ќе се борат за намалување на невработеноста што е проблем број еден.