Skip to main content

Од денес започнува нарачката на бесплатните учебници во книжарниците

Основните и средните училишта од денес ќе почнат да нарачуваат бесплатни учебници во сите книжарници во државата кои продаваат учебници за основно и за средно образование.

Основните и средните училишта од денес ќе почнат да нарачуваат бесплатни учебници во сите книжарници во државата кои продаваат учебници за основно и за средно образование. Учебниците се наменети за учениците од семејства  кои примаат социјална помош, а  се обезбедени со средства на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука.

Груевски НиколаЗИКМ ги информира книжарниците дека претставниците на основните и средните училишта покрај нарачката ќе им доставуваат и документ за прием на учебниците, со вкупна цена и количина, со кој  книжарниците ќе ја фактурираат нарачката до Министерството за образование и наука.