Skip to main content

На интернет страница на Ал Каеда поставен повик за убиство на Кондолиза Рајс

На интернет страница често користена од Ал Каеда во исламски Магреб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, беше упатен повик за убиство на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.

 |  Крсте Голабовски  | 
На интернет страница често користена од Ал Каеда во исламски Магреб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, беше упатен повик за убиство на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.

„Посетата на Рајс на Магреб претставува исклучителна можност за нејзино убиство пред да заврши нејзиниот мандат“, се вели во пораката.
Повикот бил откриен од американскиот институт SITE кој анализира интернет страници.

Кондолиза РајсРајс ќе ги посети Либија, Тунис, Алжир и Мароко и нејзината посета ќе заврши на 7 септември. Пред да замине таму, таа денска ќе биде во посета на Лисабон. Посетата на Рајс на Либија има за цел да нагласи еден од успесите на админстрацијата на Буш-подобрување на односите меѓу двете држави. Посетата на Либија е прва на американски државен секретар во изминатите 55 години.