Skip to main content

Бурата Хана на Хаити го однесе животот на 137 луѓе

Бројот на загинатите од тропската бура Хана на Хаити достигна 137 лица, покажуваат најновите податоци на властите.
 |  Крсте Голабовски  | 
Бројот на загинатите од тропската бура Хана на Хаити достигна 137 лица, покажуваат најновите податоци на властите.

Повеќето од жртвите, околу 80, загинале во поплавениот пристанишен град Гонаивес. Други 22 смртни случаи има во околината на градот.
Гонаивес практично е откинат од светот и властите се обидуваат на жителите  да им достават вода и храна.

Според претходните податоци, бројот загинатите како последица на преминувањето на бурата Хана над островот изнесуваше 61 лице.