Skip to main content

Стипе Месиќ – најплатениот претседател на Балканот

Според анализа објавена од Balkan Insight, хрватскиот прстедател Стјепан Месиќ прима најголема претседателска плата на Балканот додека македонскиот претседател Бранко Црвенковски е меѓу „најслабо“ платените во регионот.

 |  Крсте Голабовски  | 

Според порталот, Месиќ има плата од 3.600 евра додека косовскиот претседател Фатмир Сејдиу прима 3.400 евра. Со таа плата Сејдиу е меѓу најдобро платените балкански претседатели иако Косово е најсиромашната држава во регионот со годишен буџет помалку од една милијарда евра.
Месечната плата на романскиот претседател Трајан Басеску е 2.500 евра иако БДП на државата е петпати поголем од оној на Косово, а годишниот буџет е поголем за 170 пати во споредба со косовскиот.

Според податоци на Светска банка, БДП по човек во Косово е под 1.500 евра.
Четвртото место според плата го зазема албанскиот претседател Бамир Топи со 2.100 евра по него следува српскиот претседател Борис Тадиќ со околу 1.900 евра. Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ добива месечно по 1.300 евра додека Црвенковски има плата од околу 1.200 евра.