Skip to main content

Првата награда за животно дело на фестивалот „Средновековен Охрид“ ќе му биде доделена на Вангел Деребан

Oд организациониот одбор потенцираат- „Деребан е човекот кој важи за достоен наследник на средновековните мајстори“.
 |  Лионела Јаковлева  | 
Oд организациониот одбор потенцираат- „Деребан е човекот кој важи за достоен наследник на средновековните мајстори“.

Наградата за животно дело на првиот фестивал- Средновековен Охрид, оди во рацете на Вангел Деребан. Како што велат од организациониот одбор на фестивалот, човекот кој важи за достоен наследник на средновековните мајстори.

„Вангел Деребан е човекот кој целиот свој живот им го посвети на сребрените нишки на филигранот, исткаени со имагинација и маестрална вештина, човекот кој го пронесе својот занает низ времето и просторот“, потенцира Јасмина Пакашки, член на Организациониот одбор на фестивалот.

Наградата за животно дело се состои од ќерамички крст, дело на Роберт Калајџи, а на кој стои симболот на Самуил, рајските птици во розета, воедно и симбол на фестивалот Средновековен Охрид.  
Наградата на добитникот, Вангел Деребан, ќе му биде врачена на свеченото затворање на фестивалот на 8- ми септември, кое ќе се одржи во Античкиот театар.
Инаку, фестивалот Средновековен Охрид започна денес во 17 часот на просторот кај старата градска библиотека. На првиот ден од фестивалот свој настап имаат  македонската група Баклава и ансамблот за средновековни и ренесансни танци од Хрватска.
За утре, предвидени се витешки борби, а во вечерните часови, во 19 часот и 30 минути во Лапидариумот, музичко- поетски перфоманс ќе има Сашо Гигов – Гиш.