Skip to main content

Триото Хана, Ајк и Џозефин не е аномалија

Глобалното затоплување не е причина за појавата на овие три тропски бури, ако може да им се верува на метеоролозите.

 |  Крсте Голабовски  | 
Глобалното затоплување не е причина за појавата на овие три тропски бури, ако може да им се верува на метеоролозите.

И покрај развојот на овие три бури, кои се движат кон југозападот на САД, метеоролозите велат дека, оваа канонада на урагани, не е посебно необична во историјата на овој регион.

„Се наоѓаме во врвот на ураганскиот циклус и ова е еден од резултатите од тој врв“,истакнаа од Националниот центар за следење на урагани во Мајами.

Тие исто така изјавија дека досега имало случаи од канонада од дури пет последователни бури. Првата од тропските бури, Хана, се очекуваше да пристигне на бреговите на Каролина вчера или рано изутринава, со ветрови од околу 65 милји на час, според Националниот центар за следење на времето. Ураганот Ајк, беше на патеката да стигне до јужна Флорида на почетокот на следната недела, додека тропската бура Џозефин, се наоѓаше понегу западните брегови на Африка и Карибите.

Со досега веќе десет именувани урагани, сезоната 2008 во Атлантикот, секако дека ќе ја надмине минатата со 11 урагани. Проекциите покажуваат дека пред завршетокот на сезоната на ураганите, годинава бројот би можел да  достигне од 14-18.
Хана, Ајк и Џозефин сите се формирани од јаки бури оригинално созадени на бреговите на западна Африка. Сите овие бури се упатиле накај Атлантикот, таму наишле на тола водена маса, влажен воздух и слаби ветрови, услови кои овозможиле нивна трансформација во тропски бури и урагани.

Природните услови често пат знаат да го запрат симултаното формирање на урагани.
Поради тоа Џозефина не беше во можност да се развие повеќе, бидејќи Хана, која беше окарактеризирана како ураган од 1 категорија, зад себе влечеше штит од облаци кои ги изладија водите на океанот.
Научниците истакнуваат дека глобалното затоплување не е виновно за триото урагани кои се појавија во Атлантикот.

„Појавата на една тропска бура, или една сезоната на ураганите не може да му се препише на глобалното затоплување, бидејќи тука како фактори се појавуваат долгорочни атмосферски и океански услови.“ истакнаа од Националниот центар за следење на урагани во Мајами.

Потоплата вода на океаните претставува гориво со кое се „хранат“ бурите, но ефектот не би требало да биде толку голем.
Температурите на океаните се очекува да пораснат од 2 до 6 степени, во следниов век, а секој степен на топлење на водата на океаните, ја зголемува класата на ураганите за еден процент. Во најлошо можно сценарио, во иднина ураганите би можеле да бидат посилни за 5 проценти.

На пример за ураган од 5 категорија, каде ветровите пред ефектот на стаклена градина биле околу 200 км/ч, за околу 100 години би биле околу 275 км /ч, што и не е некоја голема промена.