Skip to main content

Министерот Милошоски на неформалниот состанок на шефовите на дипломатијата на ЕУ во Авињон (RPT)

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска присуствува на вториот ден на неформалниот состанок на шефовите на дипломатијата на земјите-членки на Европската унија во Авињон, Франција.

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска присуствува на вториот ден на неформалниот состанок на шефовите на дипломатијата на земјите-членки на Европската унија во Авињон, Франција.

На состанокот, покрај министрите на земјите-членки на Унијата, присуствуваат и шефовите на дипломатиите на земјите кандидатки – Македонија, Хрватска (Гордан Јандроковиќ) и на Турција (Али Бабиџан).

На неформалниот состанок во Франција присуствуваат и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана, европскиот комесар за проширување Оли Рен и европскиот комесар за надворешни работи Бенита Фереро-Валднер.
Предвидено е министерот Милошоски да оствари повеќе билатерални средби со своите европски колеги.

На вториот ден од неформалната средба на министрите за надворешни работи ќе се разговара за претстојните претседателски избори во САД во ноември и влијанието на идната трансатлантска агенда, особено на соработката помеѓу Брисел и Вашингтон, а ќе стане збор и за блискоисточниот мировен процес и улогата на ЕУ во тој регион.
Неформалниот состанок на шефовите на дипломатијата на ЕУ е познат и под името Гимних, а се одржува секои шест месеци. Името го добива по местото каде е одржан првиот таков состанок – во германскиот дворец во 1974 година, кога со Унијата претседаваше Германија.
Гимних е неформален состанок на кој не се носат заклучоци, но се договараат европските дипломатски ставови за наредниот период.