Skip to main content

Граѓаните се загрижени за судбината на Охридското езеро

Нагло се уништува растителниот и животинскиот свет. Од Министерството за животна средина и просторно планирање, имаат план како ќе го штитат езерото од ризиците кои му се закануваат.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Охридското езеро оставено на милост немилот. Трската нагло се пали, се уништува растителниот и животинскиот свет. Водите од Охридското езеро исто така се изложни на загадување. Граѓаните се едногласни, кога станува збор за тоа колку е заштитено езерото. Велат, никој не се грижи за него, секој гледа за својот џеб.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање на неодамнешната посета во Струга, рече дека приоритет на овој ресор е заштита на Охридското езеро. Примерот за заштита на водите од Преспанското зеро, ќе се применува и за охридското. Ќе се гради почистителна станица за фаќање на фекалните води, соопшти заменик мистерот за животна средина и  простоно планирање. Од министерството сопштија дека ќе работат на решавање на проблемот со канализација.

„Владата  зема кредит од најмалку од 50 милиони евра насочени кон санација и изградба на нови канализациони системи“- вели Соња Лепиткова, заменик министер за животна средина и посорно планирање.

Крајно не хумано е во дваесет и првиот век одредени места да се над септички јами, додаде Лепиткова. Потенцира дека ресорното министерство ќе вложи напори во секој поглед да го заштити Охридското езеро.

„Езерото е заштитено од UNESCO  и владата не бега од одговорност, ќе се грижи за негова заштита. Централните власти ќе им помогнат на локалните да партиципираат во плаќањето на долгот за колекторскиот систем“-истакна Лепиткова.

Таа упати апел и до граѓаните да бидат крајно внимателни за на тој начин заеднички да се делува за заштита на езерото, но и крајбрежјето.