Skip to main content

ОПЕК го намали производството на нафта за 520.000 барели дневно

Организацијата на земјите производители на нафта (ОПЕК) побара од земјите членки стриктно да ги почитуваат квотите за производство на нафта, што доведе до намалување на доставата за 520.000 барели нафта дневно, пренесе Франс прес.

 |  Крсте Голабовски  | 

ОПЕК реши да се врати на квотите од септември 2007 година или на 28,8 милиони барели дневно, во кои не се вклучени Индонезија, која и официјално го напушти картелот на синоќешната средба во Виена, како и Ангола и Еквадор, кои на тој датум не беа членки на ОПЕК, изјави портпаролот на организацијата. 

Веќе неколку месеци наназад членките на ОПЕК, а посебно Саудиска Арабија произведуваат нафта над определените квоти, поради што производството на сирова нафта достигна 29,67 милиони барели дневно, забележа АФП.

Алжирскиот министер за нафта и актуелен претседател на организацијата Шакиб Хелел запрашан за конкретно намалување на производството на нафта прецизира дека во однос на јули годинава тоа ќе изнесува 520.000 барели дневно.