Skip to main content

Министерката за култура ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Њујорк ќе се обрати пред Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации по повод завршувањето на претседавањето на Република Македонија со 62-то заседание на ОН.

 |  Крсте Голабовски  | 

Министерката во говорот пред претставниците на 192 земји ќе се осврне на значењето на македонската култура во глобалните текови, како и за значењето на претседателството со Генералното собрание на ОН за Република Македонија.

По обраќањето на Канческа-Милевска, во салата на Генералното собрание на ОН настап ќе има македонскиот пијанист Симон Трчески. Министерството за култура соопшти дека за време на посетата министерката Канческа-Милевска ќе го посети и Македонскиот културен центар.