Skip to main content

Четрнаесетти Славистички конгрес од денес во Охрид

Над 600 слависти од 40 земји од светот ќе земат учество на 14. Славистички конгрес што од 10. до 16. септември за прв пат ќе се одржи во Охрид, а на поканата на организаторот единствено не се одзвале славистите од Грција.

Во Охрид во полноправни членки на Меѓународниот славистички комитет ќе бидат промовирани Турција, Босна и Херцеговина, Шпанија и Кина.

Во рамки на Конгресот ќе биде организирана и изложба на преку три илјади научни дела од областа на славистиката кои ќе останат во трајна сопственост на Република Македонија.

„Конгресот во Охрид ќе има позитивно влијание во решавањето на одредени контроверзи, но иако тој нема политички карактер индиректно може да влијае и на решавањето на актуелните политички прашања“, смета академик Милан Ѓурчинов, претседател на Светскиот славистички конгрес.

Поради тоа, додаде тој „Македонија има огромна одговорност да обезбеди услови за цивилизиран и демократски дијалог на учесниците на конгресот“.

Светскиот славистички конгрес свечено ќе биде отворен денес.

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски ќе се обрати на отворањето на 14-тиот Светски славистички конгрес.