Skip to main content

Трошоците на живот во август пониски за 0,2 отсто

Трошоците на живот во август годинава во однос на јули биле пониски за 0,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

 |   | 
Трошоците на живот во август годинава во однос на јули биле пониски за 0,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во август 2008, во однос на претходниот месец, намалување на цените е забележано во групата Сообраќај за 2.7%, Покуќнина, мебел и др за 1.0%, храна и безалкохолни пијалаци за 0.9% и облека и обувки за 0.4%. Пораст на индексите е забележан во групите – централно греење за 43.4%, Алкохолни пијалаци и тутун за 0.5%, Здравје за 0.3% и хотели и ресторани за 0.2%.

Македонските граѓани околу 80 проценти од нето платите што ги добиле во периодот април-јуни годинава ги трошеле за набавка на храна и пијалоци, а само 20 отсто за преостанатите потреби, покажува анализата на Државниот завод за стататистика.

Просечната нето-плата во април изнесувала 15.605 денари, а трошоците за исхрана и пијалаци 12.204 денари. Платата во мај била 15.728, а вредноста на потрошувачката кошница 12.414 денари. Во јуни, пак, од просечната плата од 15.759 денари за исхрана и пијалаци требало да се издвојат 12.333 денари.